
Примарна дејност на ЕМКОН Инвестмент
По успешни години во реализирани бизниси од различни сектори на национално ниво, основачите на ЕМКОН Глобал Инвестмент влегуваат во градежниот сектор во 2022 година со две финални цели – подигнување на стандардите на градење на станбено-деловни објекти во урбаните делови од Скопје како и збогатување на квалитетот на живот следејќи ги светските трендови.
Како компанија, примарната дејност на ЕМКОН Глобал Инвестмент е изградба на станбено-деловни објекти, кои сами по себе претставуваат синоним за модерна и професионална градба следејќи ги сите светски трендови за квалитет.
Имајќи го предвид искуството на основачкиот тим на компанијата како и компетентноста на тимот кој ја сочинува компанијата, дел од работите за кои секојдневно се залагаме се: апликабилност на најсовремените технологии и модели на градење, користење на материјали кои водат кон подобрување на квалитетот на живот на нашите клиенти како и креирање на решение кое ќе биде квалитетно и безбедно.

Изградба на објекти
Од аспект на изградба на објекти, нашата компанија е повеќе од подготвена да ги реализира сите технички и стратешки барања во процесот на градба, од почеток до крај – од идеја до реализација. Процесите се водени од високо-компетентен кадар со кој располагаме, успешната соработка која трае со години со реномирани соработници и застапници на градежни брендови и релевантни институции на локално и државно ниво. Нашата компанија користи материјали од исклучително квалитетни регионални производители, за чиј квалитет директно гарантираат дистрибутерите и производителите на истата.
Се со цел добивање на финалниот производ– односно креирање на дом за нашие клиенти, нашата компанија ангажира постојани соработници и партнери од повеќе домени на експертиза, како и реномирани компании од областа на статика и ревизија, катастарски премери, геомеханички истражувања и сл.