Локација и опкружување
Станбената зграда е лоцирана во централното градско подрачје на Скопје, на ул. Тетовска број 32, во непосредна близина на Гимназија Раде Јовчевски Коргачин, Црвен Крст и Полициска станица Пролет. Зградата е оддалечена на помалку од 500 метри пешачка дистанца до строгиот градски центар, ГТЦ и Плоштадот Македонија.
Архитектонска композиција
Во целина, станбената зграда претставува современа архитектонска композиција распространета на 6 нивоа со вкупно 22 станбени единици со диверзифицирана големина и ориентација, а сите во склад со важечките стандарди и нормативи за функционално, современо и квалитетно домување.
Фасадна обработка Во фасаден состав се среќаваат следните фасадни обработки:
- Во приземје – 10цм стиропор со завршна обработка на кулирплас
- По катови – Демит фасада
- По катови – 10цм стиропор со завршен композитен материјал во дрво боја од италијанскиот производител DECO
Материјализацијата на објектот претставува комбинација на елементи кои истовремено ги задоволуваат ISO стандардите за квалитет, заштеда на енергија и зачувување на околината и секако, одат во полза на создавање на современо архитектонско-композиционо решение кое плени со својата функција и изглед.
Преградните ѕидови во становите ќе биде КНАУФ W112, помеѓу становите 20цм термоблок со облога од гипс картон КНАУФ W623 и зидовите према ходниците исто со облога од страна на ходникот.
Фасадна столарија на катовите на објектот – Rehau шестокоморни прозори со 4 сезони стакло во антрацид боја Влезниот портал на секој стан – Блиндор врати со Securemme брави кои обезбедуваат врвна безбедност Балконските и скалишните огради – 8мм калено стакло со алуминиумски профили
Roca и Grohe
Расположливи квадратури
Станбените единици се со разновидна квадратура, почнувајќи од 36-55м2, 62-77м2 се до најголемите единици од 123 и 134 м2, при што вкупната нето квадратура на објектот изнесува 1.500 м2. Од аспект на типови на стан, објектот изобилува со 4 двособни, 13 трособни и 5 четворособни станови.
Услови за продажба
Инвеститорот се обврзува и гарантира за безбедноста во купопродажбата, при што купувачот на предметниот имот добива завршен продукт, согласно инвестиционо – техничката документација, важечките прописи, нормативите и стандардите за изградба на овој вид работи.
Брошура
Разгледате ја брошурата, која се наоѓа во прилог, за станбениот објект и дознајте повеќе информации за истиот.