
Високата стручна подготовка и компетентност на вработените, професионалноста, постојаното доедуцирање и следење на стандардите ширум светот и регионот, овозможуваат успешна реализација на проектите во секторот во кој делуваме.
Денес, користејќи ја техничко-технолошката структура, опремата со која располага, долгогодишното разнолико искуство во бизнисите во кои нашиот тим беше вклучен пред основањето на ЕМКОН Глобал Инвестмент, позитивното искуство со реномирани соработници и релевантни институции, ни дава верба дека ЕМКОН Глобал Инвестмент е повеќе од спремна да одговори на секој предизвик низ градежните фази – од идеја до реализација на еден објект.

Тимот на ЕМКОН Глобал Инвестмент е составен од професионални, вработени лица кои се стручни лица од повеќе области. Во процесот на реализација на проектите, тековно координира и менаџира високо специјализирани подизведувачи кои се долгогодишни играчи на пазарот.
Се со цел добивање на финалниот производ– односно креирање на дом за нашие клиенти, нашата компанија ангажира постојани соработници и партнери од повеќе домени на експертиза, како и реномирани компании од областа на статика и ревизија, катастарски премери, геомеханички истражувања и сл.