- Во целина, станбената зграда претставува современа архитектонска композиција распространета на 6 нивоа со вкупно 22 станбени единици со диверзифицирана големина и ориентација, а сите во склад со важечките стандарди и нормативи за функционално, современо и квалитетно домување.
- Секој стан, поседува можност за дополнително преуредување, адаптација и трансформација во согласност со потребите и желбите на корисниците. Флексибилноста во архитектонското решение отвара можност за спојување на два или повеќе станови, како и за евентуална поделба на станови, во склад до барањата на модерното домување. Ваков тип на промени и модификации се можни до одредена фаза од градбата, во взаемна согласност со инвеститорот.
- Материјализацијата на објектот претставува комбинација на елементи кои истовремено ги задоволуваат ISO стандардите за квалитет, заштеда на енергија и зачувување на околината и секако, одат во полза на создавање на современо архитектонско-композиционо решение кое плени со својата функција и изглед.
- Подовите се проектирани во склад со функцијата која се обавува во просториите:
- Гранитни плочи кај влезните партии и газиштата на скалите;
- Трослоен паркет од I класа кај просториите за боравок;
- Италијански керамички плочки од I класа кај помошните простории, санитариите и балконите.
- Изборот на материјали ќе биде препуштен на купувачите кои своето учество ќе го резервираат уште во текот на изградбата на објектот.
- Станбената зграда во својот состав содржи:
- Партер – приземна платформа и скали за влез во објектот, хортикултурно обогатена со зелени површини и паркинг рампа за пристап кон паркинг единиците
- Подрум – стационарен сообраќај на моторни возила (паркинг простор со големина од 12 до 15 м2), остави, хидростаница
- Приземје – ветробран, влезен хол, ходник, скалишен простор, лифтовски простор и 4 станбени единици кои се соодветни за пренамена или употреба како деловен простор
- Катови и поткровје – станови во чиј состав се предвидени: простор за дневен престој (дневна соба), простор за термичка обработка на храна (кујна), простор за земање на храна (трпезарија), гостинско WC, простор за лична хигиена (бања), простор за одмор (спална и детска соба), хоризонтални комуникации (влезен хол, ходник и дегажман) отворен простор (балкон, полу-логија или логија);
За пристап во подрумскиот дел, деловните простории во приземјето и становите на катовите се обезбедени современи хоризонтални и вертикални комуникации во вид на скали, лифтовски постројки и рампи. Сите горенаведени елементи се во согласност со нормативите за нивно проектирање, имплементирање и одржување.
- Во системот на преградни елементи доминира керамички блок, ѕидан во продолжен малтер. Дебелина на употребениот блок изнесува 12см како преграда помеѓу простории од ист стан, односно 25см како преграда помеѓу санитарен чвор и останата група на простории или помеѓу стан со ходник или стан со стан. На овој начин, особено внимание е обрнато на непропустливоста на топлина и звук помеѓу становите. Преградните ѕидови во становите ќе биде КНАУФ W112, помеѓу становите 20цм термоблок со облога од гипс картон КНАУФ W623 и зидовите према ходниците исто со облога од страна на ходникот.
- Во конструктивен поглед, комплексот претставува скелетно армирано бетонски систем, комбинација од столбови и платна, дефинирани во подолжен и попречен правец, обезбедувајќи ја потребната крутост на системот. Бетон со квалитет МБ30 и МБ40. Сигурноста од сеизмички сили е приоритет во проектирањето и конструирањето на објектот. Како гаранција за статичката и сеизмичка безбедност, објектот поседува сертификат од овластениот институт за земјотресно инжињерство и сеизмологија “ИЗИИС” од Скопје.
- За квалитетот на вградените материјали, гарантирантираат инвеститорот, изведувачот и произведувачот на опремата
- Во фасаден состав се среќаваат следните фасадни обработки:
- Во приземје – 10цм стиропор со завршна обработка на кулирпласт
- По катови – Демит фасада
- По катови – 10цм стиропор со завршен композитен материјал во дрво боја од италијанскиот производител DECO
- Фасадна столарија на катовите на објектот – Rehau шестокоморни прозори со 4 сезони стакло во антрацид боја
- Влезниот портал на секој стан – Блиндор врати со Securemme брави кои обезбедуваат врвна безбедност
- Балконските и скалишните огради – 8мм калено стакло со алуминиумски профили
Roca и Grohe