Локација и опкружување
Станбената зграда е лоцирана во населба Хром на ул. Воин Драшковиќ бр.12, во непосредна близина на училиштата Димитар Поп Георгиев-Беровски и Димо Хаџи Димов, градинката Росица, трговските центри СП Планет и К-Мол како и повеќе маркети.
Архитектонска композиција
Во целина, станбената зграда претставува современа архитектонска композиција распространета на 5 нивоа со вкупно 23 станбени единици со диверзифицирана големина и ориентација, а сите во склад со важечките стандарди и нормативи за функционално, современо и квалитетно домување.
Секој стан, поседува можност за дополнително преуредување, адаптација и трансформација во согласност со потребите и желбите на корисниците. Флексибилноста во архитектонското решение отвара можност за спојување на два или повеќе станови, како и за евентуална поделба на станови, во склад до барањата на модерното домување. Ваков тип на промени и модификации се можни до одредена фаза од градбата, во взаемна согласност со инвеститорот.
Функционална поставеност и содржини
Станбената зграда во својот состав содржи:
– Партер – приземна платформа и скали за влез во објектот, хортикултурно обогатена со зелени површини и паркинг рампа за пристап кон паркинг единиците
– Подрум – стационарен сообраќај на моторни возила (паркинг простор со големина од 12 до 15 м2), остави, хидростаница
Приземје – ветробран, влезен хол, ходник, скалишен простор, лифтовски простор и 4 станбени единици кои се соодветни за пренамена или употреба како деловен простор
– Катови и поткровје – станови во чиј состав се предвидени: простор за дневен престој (дневна соба), кујна, трпезарија, гостинско WC, простор за лична хигиена (бања), простор за одмор (спална и детска соба), хоризонтални комуникации (влезен хол, ходник и дегажман) отворен простор (балкон, полу-логија или логија);
– За пристап во подрумскиот дел, деловните простории во приземјето и становите на катовите се обезбедени современи хоризонтални и вертикални комуникации во вид на скали, лифтовски постројки и рампи. Сите горенаведени елементи се во согласност со нормативите за нивно проектирање, имплементирање и одржување.
Фасадна обработка Во фасаден состав се среќаваат следните фасадни обработки:
- Во приземје – 10цм стиропор со завршна обработка на кулирплас
- По катови – Демит фасада
- По катови – 10цм стиропор со завршен композитен материјал во дрво боја од италијанскиот производител DECO
Материјализацијата на објектот претставува комбинација на елементи кои истовремено ги задоволуваат ISO стандардите за квалитет, заштеда на енергија и зачувување на околината и секако, одат во полза на создавање на современо архитектонско-композиционо решение кое плени со својата функција и изглед.
Материјализацијата на објектот претставува комбинација на елементи кои истовремено ги задоволуваат ISO стандардите за квалитет, заштеда на енергија и зачувување на околината и секако, одат во полза на создавање на современо архитектонско-композиционо решение кое плени со својата функција и изглед.
o Фасадна столарија на катовите на објектот –
шестокоморни прозори со 4 сезони стакло во
антрацид боја
o Влезниот портал на секој стан – Блиндор врати кои
обезбедуваат врвна безбедност
o Балконските и скалишните огради – 8мм калено
стакло со алуминиумски профили
Во конструктивен поглед, комплексот претставува скелетно армирано бетонски систем, комбинација од столбови и платна, дефинирани во подолжен и попречен правец, обезбедувајќи ја потребната крутост на системот. Бетон со квалитет МБ30 и МБ40. Сигурноста од сеизмички сили е приоритет во проектирањето и конструирањето на објектот. Како гаранција за статичката и сеизмичка безбедност, објектот поседува сертификат од овластениот институт за земјотресно инжињерство и сеизмологија “ИЗИИС” од Скопје.
За квалитетот на вградените материјали, гарантирантираат инвеститорот, изведувачот и произведувачот на опремата
Roca и Grohe
За објектот
Идеална поставеност на просторот, опкруженост со развиена инфраструктура, изградба следејќи ги сите најсовремени стандарди и трендови за домување се само дел од причините да станете дел од нашиот објект.
Нашиот објект е сместен во срцето на населбата Хром – тивка и сигурна локација со одлична поврзаност кон сите главни сообраќајници. Во околината се наоѓаат училиште, градинка,маркети, кафулиња и паркови, што овозможува удобен и практичен живот.“
Објектот се состои од 23 индивидуални станбени единици кои се наоѓаат на 4 ката (приземје, 3 ката и поткровје со кровни тераси ), додека пак паркинг единиците, со квадратура од 12-15 метри квадратни, се расположливи на -1 ниво како и надворешни паркинг места.
Станбените единици се со разновидна квадратура, почнувајќи од 36м2 до 85м2. Становите кои се наоѓаат на најгорниот кат имаат и кровни тераси со имотен лист. Вкупната нето квадратура на објектот изнесува околу 1.550 м2.
Станбените единици се проектирани следејќи ги најсовремените трендови за домување обезбедувајќи максимална функционалност земајќи ја предвид расположливата квадратура.
Услови за продажба
Инвеститорот се обврзува и гарантира за безбедноста во купопродажбата, при што купувачот на предметниот имот добива завршен продукт, согласно инвестиционо – техничката документација, важечките прописи, нормативите и стандардите за изградба на овој вид работи.
Брошура
Разгледате ја брошурата, која се наоѓа во прилог, за станбениот објект и дознајте повеќе информации за истиот.